2.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Јунајтед е подготвен да потроши 60 милиони евра за еден од најдобрите дефанзивци на светот?!

Раководството на Макчестер Јунајтед веќе размислува за составот кој следната сезона ќе атакува на трофеите во англискиот фудбал. “Црвените ѓаволи“ имаа големи проблеми во одбранбената линија оваа сезона, па затоа акцент е ставено на доведување на квалитетен централец дефанзивец.

Одлуката падна на кореецот Ким Мин Јае од екипата на Наполи, за кого Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 60 милиони евра, иако неговата откупна клаузула е 45 милиони евра.

Мин минатата година направи трансфер од Фенербахче во Наполи и со одличните игри веднаш го привлече вниманието на најголемите светски клубови.

- Оглас -

Најнови вести