3.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Јунајтед го купи за 50 милиони евра, но сега ќе оди на позајмица и тоа во Турција

Манчестер јунајтед пред 18 месеци за сума од 50 милиони евра го купи Мануел Угарте од ПСЖ, но Уругваецот речиси и да не покажа ништо на „Олд Трафорд“. Затоа сега размислувањата се како да се ослободат од него, а својата шанса ја чека лидерот во турското првенство, Галатасарај.

Турците му нудат на Манчестер јунајтед позајмица до крајот на сезоната, но и откуп на неговиот договор налето за сума од 20 милиони евра.

Сепак, од Галатасарај ќе треба да го убедат и Уругваецот да се пресели крај Босфорот, а во тоа ќе има голема улога и неговиот сонародник, Лукас Тореира, кој веќе игра во гигантот од Истанбул.

Угарте оваа сезона собра само 12 настапи за Манчестер јунајтед, а со евентуалната преселба во Галатасарај ќе има можност да игра во Лигата на шампионите, но и да ја мине групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести