Јунајтед го купи за 95 милиони евра, а сега по секоја цена сака да се ослободи од него

Бразилскиот крилен фудбалер, Ентони, во 2022 година направи сензационален трансфер и го замени Ајакс за Манчестер јунајтед за неверојатни 95 милиони евра, иако неговата вредност тогаш беше само 35 милиони евра.

Ентони на „Олд Трафорд“ беше доведен од Ерик тен Хаг, но не покажа ништо, а раководството на „црвените ѓаволи“ по секоја цена сака да се ослободи од него, но и од платата која му ја дава во висина од 12 милиони евра годишно.

Интерес за негов ангажман има од Бетис, деветтопласираната екипа од Ла Лига, но под услов само доколку ја намали платата на половина. Екипата од Андалузија би го ангажирала само до крајот на оваа сезона, но со можност да се продолжи позајмицата за уште една сезона.

Вредноста на Ентони во овој момент е само 20 милиони евра, а веќе една година нема повик во селекцијата на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести