Јунајтед го отпиша, во Борусија се прероди и ја однесе меѓу осумте најдобри во ЛШ (Видео)

Борусија Дортмунд синоќа обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако во реванш-средбата од осминафиналето против ПСЖ Ајндховен славеше со 2:0. За играч на натпреварот беше прогласен Џејдон Санчо, кој го постигна првиот гол на натпреварот. Покрај голот, Санчо имаше уште неколку одлични потези со кои измами овации од навивачите на трибините.

 

Фудбалерот кој менаџерот и управата на Манчестер јунајтед го отпишаа откако за него во 2021 година платија 80-тина милиони евра, во јануари пристигна на позајмица во Борусија Дотмунд, клубот во кој помина четири години и се прероди.

Интересно е што синоќешниот гол му беше четврти на Санчо во последните седум меча во ЛШ на „Сигнал Идуна парк“, а притоа има и три асистенции.

Борусија веќе им порача на челниците на Манчестер јунајтед дека сакаат да го откупат договорот со Санчо, кој наводно нема ништо против да остане во германскиот тим бидејќи токму во Борусија го играше најдобриот фудбал во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести