Јунајтед го плати 74 милиони евра, а тој го промаши невозможното во дресот на Бразил (Видео)

Матеус Куња летово потпиша за Манчестер јунајтед во трансфер вреден 74,2 милиони евра. Бразилецот се истакна со своите игри во Вулверхемптон, но затоа се посрамоти со неверојатно промашување во дресот на Кариоките.

Се играше 34-тата минута кога Куња се најде осамен на втората статива и пред празна мрежа, но неговиот удар со глава не беше ни блиску до голот на Парагвај.

Сепак, само осум минути подоцна, односно во 44-тата минута, Куња му асистираше на Винисиус за победничкиот гол на Бразил, со кој Кариоките“ и официјално го потврдија пласманот на Светското првенство 2026.

- Оглас -

Најнови вести