Јунајтед го пушти и капитенот во Интер

Интер го официјализираше трансферот на Ешли Јанг од Манчестер јунајтед. Искусниот англиски фудбалер потпиша шестмесечен договор со Нероаѕурите, со можност да се продолжи уште една сезона.

Интер исплати симболични 1,5 милион евра на Црвените ѓаволи, со оглед на тоа дека на Јанг му истекуваше договорот по крајот на оваа сезона. Англичанецот е трето засилување на Интер од редовите на некогашниот англиски првак, како што е познато изминатото лето Лукаку и Санчес пристигнаа на „Џузепе Меаца“. Јанг инаку се одлучи да го носи бројот 15 во Интер.

Оваа сезона запиша 18 настапи, беше и капитен на екипата, а сега таа улога припадна на Хери Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести