20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Јунајтед го сака најдобриот голман во светот, понудата е веднаш одбиена

Раководството на Манчестер јунајтес сè уште е во потрага по искусен и квалитетен голман за следната сезона, а Црвените ѓаволи веќе имале обид да го ангажираат најдобриот голман во светот според изборот на ФИФА за 2024 година.

Сепак, понудата за позајмица на Емилијано Мартинес експресно била одбиена од страна на раководството на Астон вила. Аргентинецот има договор со екипата од „Вила парк“ до 2029 година, а во моментов вреди 20 милиони евра.

Манчестер јунајтед планира да го ангажира младиот 23-годишен голман на белгискиот Антверпен, Сене Ламенс, но и покрај тоа, потрагата по искусен голман продолжува.

- Оглас -

Најнови вести