23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јунајтед и Арсенал негуваат ривалство старо 126 години, победа е императив за двата гиганти

Манчестер јунајтед го пречекува Арсенал во големото дерби кое ќе се одиграна „Олд трафорд“. Ривалството старо 126 години, ќе биде актуелна тема денес на Островот во 234-тата пресметка меѓу Црвените ѓаволи и Топчиите.

По првиот меч кој се одигра во далечната 1984 година,на 13 октомври тогашната екипа Њутон хит славеше со 3-0 против Вулвич Арсенал. Tоа беше прва од вкупно 97 победи кои ги има остварено 20-кратниот англиски првак против ривалот од Северен Лондон. Од тие 97 победи на Јунајтед, 83 се во лигашки рамки во однос на учинокот на Арсенал од 71 победа во најелитниот фудбалски ранг во Англија.

Низ годините, особено во доцните 90-ти години и почетокот на новиот милениум, ова ривалство се вжешти како меѓу навивачите, така и меѓу фудбалерите. Oд тепачките меѓу Кин и Виера, до саркастичниот потсмев од Лорен на сметка на Ван Нистелрој по промашениот пенал во 2003 година. Токму тоа дерби беше едно од последните меѓу Јунајтед и Арсенал кое на „Олд трафорд“ заврши без голови, уште еднаш со празни мрежи ремизираа во 2009 година.

Гигантите делат вкупно 16 титули во Премиер лигата, од кои 13 се на Ѓаволите, а ако се земe во предвид целата историја, Јунајтед е рекордер со 20 шампионски титули наспроти 13 на Арсенал. Топчиите чекаат веќе 16 години на титула, Јунајтед последен пат беше шампион во сезоната 2012/13, која беше последна во кариерата на најуспешниот нивен тренер во историјата, Сер Алекс Фергусон.

Во изминатата деценија Црвените ѓаволи вкупно 10 пати го вгостија Арсенал, а се радуваше во седум наврати меѓу кои е и неверојатната победа од 8-2 од август 2011 година, што е рекорд во меѓусебните дербија. Тешко дека може да се повтори овој резултат вечерва, но секако се очекува ефикасна пресметка и максимално користење на напаѓачкиот потенцијал од страна на двете екипи.

Екипата на Микел Артета во пресрет на гостувањето на „Театарот од соништата“, бележи негативен учинок без гостински триумф цели 14 години, или поточно од септември 2006 година, што значи дека мисијата на Топчиите ќе би исклучително тешка. Воедно Арсенал е во променлива форма и по шест меча оствари три победи и исто толку порази, поточно ги загуби последните две лигашки средби од Лестер и Манчестер сити со идентични 0-1.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер во меѓувреме фатија ритам по бламажата од 1-6 против Тотенхем, па ги добија триод последните четири дуели во сите натпреварувања, вклучувајќи го и триумфот на гости кај ПСЖ со 2-1 во ЛШ, односно забележаа гол-разлика од 11-2.

Во пресрет на дербито, двете екипи се во незавидна ситуација. Арсенал се наоѓа на 12-тото место на табелата со 9 бода, Јунајтед има два бода помалку на 15-тото место, па јасно е зошто победа е императив на двете страни.

За очекуваниот спектакл кој е закажан за 17:30 часот, според најавените тимови Солскјер ќе атакува со двајца напаѓачи во дијамантска формација 4-4-2, додека Артета ќе се потрпе на одбраната со тројца стопери, а Обамејанг како најистурен во нападот. Токму Габонецот ќе биде најголема закана по голот на Де Хеа, кој во шест меча против Јунајтед брои три погодоци, додека пак расположениот Рашфорд има два гола во исто толку средби против Топчиите.

Најавени состави:

Јунајтед (4-4-2): Де Хеа, Ван-Бисака, Линделоф, Мегваер, Шо, Фред, Мектоминеј, Погба, Бруно, Гринвуд и Рашфорд.

Арсенал (3-4-3): Лено, Мустафи, Габриел, Тирни, Белјерин, Парти, Себалјос, Сака, Вилијан, Пепе, Обамејанг.

 

- Оглас -

Најнови вести