Јунајтед и Челзи четирипати по ред играат „гол-гол“, Сити на последните пет натпревари прима гол од Астон вила (Фото)

6021 – Виљареал – Макаби Хаифа (21:00)

Екипите на Виљареал и Макаби Хаифи вечерва ќе го одиграат одложениот натпревар од Лигата на Европа, дуел без некое поголемо резултатско значење, со оглед на тоа дека шпанскиот претставник е веќе во следната фаза, а Израелците сè уште имаат теоретски шанси да стигнат до третата позиција, која води во Конференциската лига. Сепак, Виљареал е голем фаворит за победата на овој натпревар и ќе одигра за својот имиџ, а фаворитската улога ја имаат и со победата од 2-1 на гости на првиот меч против денешниот противник.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.92)

 

1179 – Манчестер јунајтед – Челзи (21:15)

Дуелот кој привлекува најголемо внимание во денешната програма е оној помеѓу Манчестер јунајтед и Челзи во Премиер лигата. На двете екипи не им цветаат рози во првенството, па Црвените ѓаволи се на седмата позиција, додека екипата од „Стемфорд бриџ“ дури на 10-тата. На последните четири меѓусебни натпревари Манчестер јунајтед и Челзи одиграле со голови во двете мрежи, а очекувањата се дека и вечерва мечот ќе заврши „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (1.98)

 

1180 – Астон вила – Манчестер сити (21:15)

Според премиерлигашката табела, вистинското дерби вечерва е дуелот помеѓу Астон вила и Манчестер сити, екипи кои се на четвртата, односно третата позиција, а ги дели само еден бод. Манчестер сити нема загубено од Астон вила од 2013 година, но на последните пет натпревари секогаш прима барем еден гол од денешниот противник, воедно последните пет натпревари помеѓу овие две екипи завршувале „гол-гол“.

Предлог тип: 2 & ГГ (3.15)

 

1177 – Шефилд јунајтед – Ливерпул (20:30)

Ливерпул последен пат загубил од Шефилд јунајтед во 1994 година, но домашните вечерва во мечот влегуваат како фенерџии на табелата и прашање е само колку голови ќе примат од второпласираниот Ливерпул, кој мора да победи за да ја продолжи трката со Арсенал, кој синоќа победи и се одлепи на врвот од табелата. Ливерпул на последните три натпревари на Шефилд јунајтед му дава точно по два гола.

Предлог тип: Т2 1-3I&1-3II (1.85)

 

3697 – Фиорентина – Парма (21:00)

Фиорентина и Парма вечерва ќе го одиграат својот осминафинален натпревар од Купот на Италија. На четири од последните пет натпревари помеѓу овие две екипи се треселе мрежите на двајцата голмани, а така ќе биде и вечерва, со оглед на тоа дека и двете екипи нема што да бранат на овој натпревар.

Предлог тип: ГГ и 3+  (2.21)

- Оглас -

Најнови вести