Четири натпревари од Лигата на шампионите и еден од аргентинското првенство се дел од Квотите на денот на Sport Life. Петте натпревари искомбинирани на еден тикет прават квота еднаква на 43.
Екипата на Наполи се очекува да биде ефикасна против Унион Берлин и за да биде добитна квотата од 2.20 за овој натпревар, потребно е шампионот на Италија да постигне барем по еден погодок во двете полувремиња.
Од екипата на Манчестер јунајтед се очекува да забележи победа над Копенхаген, но квотата од 2.10 ќе биде добитна и доколку има најмалку еден погодок во второто полувреме на мечот во Данска.
Голови се очекуваат и од екипата на Арсенал, која треба да даде најмалку еден во првото полувреме и вкупно на целиот натпревар најмалку два гола за да биде добитна понудената квота од 1.80
Победа се очекува и за екипата на Интер на гостувањето во Австрија против Салцбург. Понудената квота за овој натпревар е 2.20, а за да биде добитна, освен победа на гостите, потребно е да бидат постигнати помеѓу два и пет гола на целиот натпревар.
Ефикасно се очекува да биде и на дуелот од аргентинското првенство помеѓу Сан Лоренци и Бока јуниорс. Квотата за овој натпревар е 2.35, најголема од сите понудени натпревари, а за да биде добитна, потребно е домашната екипа да не загуби и да има најмалку два гола на целиот натпревар.