Остануваат уште помалку од 24 часа до затворањето на типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Типувачите кои веќе ги одиграа 13-те натпревари се јасни: Манчестер јунајтед и ПСЖ сигурно ќе победат! Црвените ѓаволи имаат поддршка од над 81%, додека во триумф на Светците веруваат 85% од играчите на Спортската прогноза.
Дерби на колото е мечот помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, а Црвените се тие кои ја имаат фаворитската улога според играчите на Спортската прогноза. Малку повеќе од 43% од типувачите очекуваат славење на домашните фудбалери на „Енфилд роуд“.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


