10.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Јунајтед и Сити ја чекаат разврската меѓу Реал и Винисиус јуниор

Манчестер јунајтед и Манчестер сити го следат внимателно идниот статус на Винисиус јуниор, чија иднина во Реал Мадрид станува сè понејасна. Според CaughtOffside, Црвените ѓаволи веќе оствариле контакт со неговите претставници за да добијат јасна слика за позицијата на играчот и можноста за трансфер.

Во меѓувреме, Манчестер сити се смета за најреалистична дестинација доколку Винисиус јуниор реши да го напушти „Бернабеу“. Интересот на Граѓаните е сериозен, а во случај на активности на трансфер-пазарот, тие би биле фаворити за неговиот потпис.

Договорот на бразилскиот напаѓач со Реал Мадрид е важечки до летото 2027 година, но преговорите за негово продолжување засега не носат резултати. Според информации од клубот, Винисиус јуниор бара нето-плата од околу 30 милиони евра по сезона, сума која моментално не е прифатлива за управата на мадридскиот гигант.

Дополнителен притисок доаѓа од информациите дека односот меѓу Винисиус и тренерот Чаби Алонсо е дистанциран, што отвора можност за раскинување на соработката по години на успеси со Кралскиот клуб.

Винисиус е дел од Реал Мадрид од 2018 година, а во тој период има 340 официјални натпревари, 111 голови и 89 асистенции. Неговата трансферна вредност достигнува до 150 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести