Раководството на Манчестер јунајтед е одлучно оваа зима да ангажира нов напаѓач. Прва опција за екипата од “Олд трафорд“ е напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој е вистинска сензација и со 17 голови е веднаш позади Хари Кејн на бундеслигашката листа на стрелци.
Сепак, Манчестер јунајтед тешко дека ќе дојде до неговиот потпис, со оглед на тоа дека уште еден премиерлигаш го посакува во своите редови, а токму Тотенхем е и негов прв избор и екипата во која сака да ја продолжи кариерата.
Токму затоа скаутите на “црвените ѓаволи“ вчера беа во Мадрид, да го гледаат дуелот помеѓу Атлетико и Севиља, а причината беше мароканецот Јусеф Ен-Несири. Токму напаѓачот на клубот од Андалузија сега избива во преден план и можно е уште во јануари да стане нов фудбалер на Манчестер јунајтед.