Јунајтед ќе фрли повеќе од 100 милиони евра за трагичарот од финалето на СП во Катар

Манчестер јунајтед налето планира да го засили нападот, и тоа сo францускиот репрезентативец Рандал Коло Муани.

Весникот „Билд“ пишува дека Манчестер јунајтед подготвува понуда вредна 120 милиони евра за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт.

Французинот има одлична сезона во Ајнтрахт, на 34 натпревари постигна 16 гола и има 14 асистенции во сите натпреварувања.

Коло Муани е и трагичар од Светското првенство што се одржа во Катар бидејќи последните моменти од финалето против Аргентина не успеа да постигне гол откако излезе сам пред голманот на Гаучосите. Голманот Мартинес го одбрани неговиот удар, а потоа во пенал-рулетот Аргентина славеше и по третпат стана светски шампион.

- Оглас -

Најнови вести