Три натпревари од Премиер лигата и по еден од Серија А и Лига 1 се од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.25, додека искомбинирани на еден тикет прават одлична квота од 42.5.
Манчестер јунајтед е голем фаворит против Еверетон, па квотата од 2.10 ќе биде добитна само доколку ја оправдаат фаворитската улога, но и ако има барем еден гол во првото полувреме.
Голови се очекуваат на мечот помеѓу Челзи и Астон вила. Квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има најмалку два гола во второто полувреме.
Спектакл се очекува на „Енфилд роуд“ со голови во двете мрежи, но и со победник. Понудената квота од 2.25 ќе биде добитна само ако мечот помеѓу Ливерпул и Манчестер сите не заврши нерешено, но и ако се затресат и двете мрежи.
Интер е во мала фаворитска предност на мечот против Фиорентина, па квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако актуелниот шампион на Италија не загуби, но и ако има барем еден гол во првото полувреме.
Ефикасен фудбал се очекува и на дерби-мечот од француската Лига 1 помеѓу Марсеј и Монако. Квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако има голови во двете мрежи, но и да има барем по еден гол во првото и во второто полувреме.