Јунајтед купил „мачка во вреќа“ за 62 милиони евра: Француски новинар тврди дека ПСЖ знаел за можната повреда

Манчестер јунајтед плати 62 милиони евра за 18-годишниот дефанзивец на Лил, Лени Јоро, и така ја доби трката по младиот фудбалер со Реал Мадрид и ПСЖ. Сепак, уште на стартот од подготовките, Јоро се повреди, односно заработи скршеница на стапалото, па сега ќе паузира два месеци.

Новинарот на Лекип, Лои Танци, тврди дека сега од ПСЖ се смешкаат на случувањата со Лени Јоро, бидејќи Манчестер јунајтед платил дури 62 милиони евра, а добил „мачка во вреќа“, бидејќи фудбалерот веднаш им се повредил, а во шампионот на Франција знаеле за склоноста кон повреди на фудбалерот и за слабоста на неговото стапало, па затоа и се повлекле од трката по неговиот потпис.

„После неодамнешната повреда на стапалото на Лени Јоро, ПСЖ уверува дека знаеле за неговата физичка слабост и токму поради тоа не сакале да платат ниту близу до тоа што го плати Манчестер јунајтед.“ – пишува Танци.

Лени Јоро во 16 години дебитираше за првата екипа на Лил и во минатите две сезони собра вкупно 60 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна три погодоци.

- Оглас -

Најнови вести