Манчестер јунајтед му исплати 22,2 милиони евра на Мурињо

Португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој беше отпуштен од премиерлигашот Манчестер јунајтед на 18-ти декември, два дена по поразот од Ливерпул, од својот поранешен клуб доби отштета од 19,6 милиони фунти. Дел од парите од компензацијата ќе добијат и неговите помошници. Сумата беше објавена на берзата во Њујорк, заедно со извештајот за финансиското работење на клубот во последниот квартал.

По заминувањето на 55-годишниот Мурињо, тимот со новиот тренер Оле Гунар Солскјер бележи неспоредливо подобри резултати, па веројатно и овие 22,2 милиони евра кои ќе треба да му ги дадат на Португалецот нема многу да ги боли во клубот кој годишно заработува над 700 милиони.

Договорот на Мурињо со Јунајтед беше до 2020 година, со опција за продолжување за уште една, но по серијата лоши резултати, клубот ја прекина соработката, што се покажа како добар потег.

 

- Оглас -

Најнови вести