Јунајтед на денешен датум виде како е да се биде без Алекс Фергусон

Денешниот датум, 11 август, е и среќен, но и тажен за англискиот гигант Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ на овој 11-ти август, во 2013 година, го победија Виган со 2-0 и го кренаа пехарот во Комјунити шилд. Тоа е позитивното сеќавање, но имаат и едно негативно. На тој меч, тимот го водеше Дејвид Мојс, и тоа беше прв дуел на клубот после 27 години без Сер Алекс Фергусон на клупата.

Фергусон е еден од најславните тренери во историјата на фудбалот, и некако по неговото повлекување и заминување во пензија, заврши и освојувањето на најважните трофеи за клубот. Популарниот Ферги цели 27 години беше тренер на тимот, во Англија ги нарекуваат и менаџери, бидејќи водат главен збор околу изборот на играчи. На 11 август 2013, само на постарите љубители на фудбалот и навивачи на Јунајтед не им беше чудно да гледаат друг човек, а не Алекс Фергусон на клупата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести