31.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Јунајтед нуди попуст од 30 милиони евра за продажбата на Гарначо

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти Алехандро Гарначо во друг клуб за сума од 40 милиони евра, пренесува „ЕСПН“. Претходно клубот бараше 70 милиони евра за младиот напаѓач.

Аргентинецот нема да патува со тимот на претсезонската турнеја во САД, што дополнително ги зголеми шпекулациите за негова можна преселба. Главен фаворит за неговиот потпис е Челзи, а интерес покажуваат и Астон вила, како и неколку клубови од Саудиска Арабија.

Во сезоната 2024/25, Гарначо одигра 58 натпревари за Црвените ѓаволи, постигна 11 гола и запиша 10 асистенции. Неговиот договор со клубот трае до 30 јуни 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести