Младиот 21-годишен унгарски репрезентативец Милош Керкез е една од желбите на Рубен Аморим за левата бековска позиција во Манчестер јунајтед. Фудбалерот, кој е роден во Србија, само пред 18 месеци направи трансфер од АЗ Алкмар во Борнмут за 17.87 милиони евра, но со одличните игри во Премиер лигата неговата цена порасна на 28 милиони евра.
Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати оваа сума, но 21-годишниот Кркез има договор до 2028 година. Тој иако е роден во Врбас, Србија, одлучи да игра за земјата од која потекнува неговата баба, Унгарија, и веќе собра 21 настап за репрезентацијата.