Јунајтед прими гол од 16-годишен тинејџер, па се спасуваше на пенали

Манчестер јунајтед се пласираше во четвртото коло од Карабао купот откако фудбалерите на Оле Гунар Солскјер беа подобри во пенал-рулетот против нисколигашот Рочдејл. Средбата на „Олд Трафорд“ по 90 минути не го доби победникот по резултатот од 1-1, па пеналите завршија во полза на домаќините со перфектниот учинок.

Гринвуд се најде во комбинираниот состав на Јунајтед, па довербата ја оправда со гол во 68-мата минута. Сепак, точно 20 минути подоцна уште еден тинејџер си го прослави името, 16-годишниот Матесон израмни во финишот од средбата и го остави својот тим во игра.

За Јунајтед во пенал-серијата без грешка шутираа Мата, Переира, Фред, Гринвуд и Џејмс, додека Кохан е трагичар за Рочдејл.

- Оглас -

Најнови вести