Манчестер јунајтед со минимални 1-0 славеше на гостувањето на „Вембли“ против Тотенхем. Дербито од 22. коло во Премиер лигата го одлучи еден гол, но главна „фаца“ на теренот беше голманот на „црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа.
Шпанскиот чувар на мрежата спречи дури 11 клучни закани на „петлите“, па со неколку феноменални интервенции успеа да го сочува својот гол. Единствениот погодок на средбата го постигна Маркус Рашфорд во 44-тата минута од првиот дел.
Со овој триумф, Оле Гунар Солскјер израмни рекорд на Мет Базби, како втор тренер во историјата на Јунајтед кој успеал да слави во првите пет натпревари во англискиот шампионат, додека под негово водство „ѓаволите“ го запишаа шестиот последователен триумф во сите натпреварувања.
https://www.dailymotion.com/video/x70l05b