Јунајтед се откажа, Баерн се вклучи во трката за потпис со играчот на Сините

Само неколку часа откако Манчестер јунајтед и официјално се откажа од ангажирање на Мејсон Маунт по одбивањето на третата понуда од страна на Челси, друг фудбалски гигант се вклучи во потписот на англискиот репрезентативец, Баерн Минхен.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, кој му беше тренер на Маунт во Челси, побарал од челниците на германскиот шампион да му го донесат на „Алијанц арената“.

Првата официјална понуда со која ќе се испита пулсот на Сините, Баерн планира да ја упати во наредните денови.

 

- Оглас -

Најнови вести