Младинскиот репрезентативец на Португалија, Жоао Невеш, ќе биде главна мета на Манчестер јунајтед за зимскиот преоден рок. 19-годишниот фудбалер веќе е стандарден првотимец на Бенфика, а оваа сезона веќе запиша 11 настапи за клубот од Португалија.
Вредноста на Невеш на трансфер пазарот е 20 милиони евра, но тој има договор со Бенфика до 2028-мата година, па португалците сигурно ќе бараат многу повеќе за неговиот трансфер од моменталната вредност.