Манчестер јунајтед со рутинска победа од 3:0 на гостувањето кај Фулам, дојде до нови три бода, а бидејќи рано го решија прашањето на победникот, имаа прилика да ги одморат своите главни играчи пред мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите. Французите Пол Погба кој беше двоен стрелец, и Антони Марсијал, беа играчите кои ги постигнаа головите за „црвените ѓаволи“.
Фулам е екипа која има убедливо најмногу примени голови од сите екипи во најсилните лиги во Европа. Погба има дадено 11 гола, од кои 8 се откако на клупата на Јунајтед седна Оле Гунар Солскјер.
Манчестер нема пораз против Фулам, со кого во Премиерлигата се има сретнато 11 пати (девет победи и две нерешени). Јунајтед сезонава има дадено седум гола од пенал, повеќе од било кој друг тим во Англија. Сега тимот на Солскјер изби на четврто место на табелата, а кога Норвежанецот седна на клупата, тимот имаше дури 11 бода помалку од тогаш четвртопласираната екипа.