Манчестер јунајтед полека се оддалечува од Френк Де Јонг, кој ги јасно ги изрази своите намери да остане во Барселона. Ѓаволите бараат поевтина варијанта и се чини дека ја најдоа во Леандро Паредес.
Аргентинскиот играч за врска е еден од многуте членови на ПСЖ кој се најде на трансфер-листата, за неговите услуги Парижаните бараат 35 милиони евра. Сепак, и таа сума се чини висока за Јунајтед.
Тен Хаг има желба да го види Паредес во црвениот дрес, па сега останува клубовите да најдат заеднички јазик и сума која ќе одговара на двете страни.