9.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Јунајтед во трка со времето за повредата на Бењамин Шешко

Фудбалерот на Манчестер jунајтед, Бењамин Шешко, нема да може да му помогне на својот тим околу четири недели поради повреда на коленото која ја заработи на натпреварот против Тотенхем (2-2), непосредно пред репрезентативната пауза.

Поради оваа повреда, Шешко ќе ги пропушти и натпреварите на Словенија во квалификациите за Светското првенство, а сега во Јунајтед започнува трка со времето за тој што побрзо да се врати на терен.

Се очекува неговата пауза делумно да се совпадне со заминувањата на Брајан Мбеумо и Амад Дијало на Купот на Африканските нации, кој започнува на 21 декември во Мароко.

Шешко од доаѓањето од Лајпциг во август за 74 милиони фунти, одигра 12 натпревари за Јунајтед и постигна два гола. Засега не го оправда вложениот износ, но се очекува по закрепнувањето да добие многу поголема минутажа бидејќи Мбеумо би требало подолго да остане во Мароко со својот Камерун.

По 11 одиграни кола, Јунајтед е осми на табелата на Премиер лигата со 18 поени, но зоната за Лигата на шампионите му е оддалечена само еден поен.

- Оглас -

Најнови вести