Екипата на Манчестер јунајтед и четврти натпревар по ред не знае за победа во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ вечерва одиграа 2-2 на гостувањето против Бурнмаут, откако двапати имаа негатива, но ги спасуваше Бруно Фернандеш.
Домашните дојдоа во водство преку Соланке во 16-тата минута, но португалецот со својот прв гол на мечот во 31-вата минута израмни на 1-1. Клајверт во 36-тата минута повторно ја донесе екипата на Бурнмаут во водство, овој пат од 2-1, а конечните 2-2 ги поастави Бруно Фернандеш од пенал во 65-тата минута.
„Црвените ѓаволи“ остануваат на седмата позиција со 50 бодови, колку што има и шесттопласираниот Њукасл.