Јунајтед загуби и прими гол директно од корнер, Бруно Фернандеш третпат сезонава доби црвен картон (Видео)

Манчестер јунајтед загуби и третпат по ред откако со 2-0 беше поразен на гостувањето кај Вулверхемптон. Можеби мечот ќе имаше поинаков тек доколку Бруно Фернандеш не беше исклучен во 47-мата минута, откако заработи втор жолт картон.

Голот за водство на Волците беше вистинско ремек-дело откако Матеус Куња, погоди директно од корнер во 58-мата минута.

Печат на победата стави корејскиот интернационалец Хванг, кој во 99-тата минута знаеше како да ја реализира школската контра на неговата екипа.

Манчестер јунајтед со овој пораз останува на 14-тата позиција на табелата со 22 бода, додека Вулвехемптон ја напушти опасната зона и сега е на 17-тото место со 15 поени.

- Оглас -

Најнови вести