Јунајтед загуби со несреќен автогол, но се пласираше во нокаут фазата (видео)

Манчестер јунајтед претрпе шокантен пораз на гостувањето кај Астана од 2-1 во петтото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Црвените ѓаволи сепак го обезбедија пласманот во нокаут фазата, иако загубија преку пресврт и тоа со несреќен автогол на младиот дефанзивец Бернард.

Лингард ја имаше капитенската одговорност за овој меч во подмалениот состав на Оле Гунар Солскјер, па така донесе предност за гостите уште во 10-тата минута. Шокот за Јунајтед следуваше набрзо по стартот на второто полувреме, кога Шомко израмни во 55-тата минута, а веќе во 62-та минута при една навидум не толку опасна акција на домаќинит. Нафрлувањето на Рукавина заврши во телото на Бернард, а одбиената топка заврши зад грбот на резервниот голман Грант за конечни 2-1.

Манчестер по првиот пораз во групите останува на чело на табелата во групата Л со 10 бода, со два повеќе од АЗ Алкмар, додека Астана ги освои првите бодови по четири порази во низа.

https://twitter.com/anoop4ever/status/1200099804333907968

На останатите два меча кои започнаа во 16:50 часот, се играа од групата Ц, каде што Краснодар минимално го совлада Базел (1-0), додека со идентичен резултат Хетафе славеше на гостувањето кај Трабзонспор.

Во оваа група речиси сите сценарија се можни, бидејќи Базел е лидер со 10 бода, додека по 9 бода имаат Хетафе и Краснодар, па така патниците во нокаут фазата ќе се одредат во последното коло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести