Јунајтед започна преговори за ангажман на Толисо

Манчестер јунајтед започна преговори со Баерн Минхен околу ангажман на Корентен Толисо. Францускиот репрезентативец е ставен на продажба за пристапна сума од 35 милиони евра, цена која Црвените ѓаволи без проблем би ја платиле.

Баварците повеќе немаат доверба во играчот за врска за кого платија 41 милион евра пред три години, откако Толисо во изминатиов период се справуваше со тешка повреда. Толисо не е во плановите на тренерот Флик, па затоа подобро да биде продаден за колку-толку клубот да ги поврати потрошените средства.

 

- Оглас -

Најнови вести