Јунајтед застанува рамо до рамо со Сити, договорена е продажбата на катарските шеици

Манчестер јунајтед кон средината на октомври ќе има нови сопственици. Се работи за катарскиот шеик Јасин, кој за 7 милијарди евра ќе го купи клубот од семејството Глејзер.

Тоа значи дека арапските пари ќе влезат и во Манчестер јунајтед, па се очекува да има голема борба помеѓу градските ривали за титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Семејството Глејзер ги купи Црвените ѓаволи за помалку од една милијарда евра, па со продажбата ќе направи неверојатна заработка од преку шест милијарди евра.

Во трка за купувањето на Манчестер јунајтед беше и најбогатиот Британец, Џим Ретклиф, кој беше и фаворит на Глејзерови бидејќи доколу тој го купеше клубот, тие ќе задржеа дел од акциите. Вака сите акции ќе бидат во сопственост на катарскиот шеик Јасин.

- Оглас -

Најнови вести