Марко Пејчиновски има само 13 години и огромно срце, а денеска во 18 часот од Охрид тргна во хумана пливачка мисија за поддршка на лицата со ретки болести.
Марко ја почна авантурата од Градското пристаниште, а ќе плива 64 километри на потегот Охрид – Свети Наум – Струга – Охрид, каде треба да доплива утре на големиот празник Голема Богородица.
Лани во исклучително лоши услови на 12-годишна возраст Пејчиновски стана најмладиот пливач што ја испливал делницата од Свето Наум со Охрид. Марко има преживеано тешка повреда на коската на ногата.