Јунакот на Германците, Нико Шулц: Морав да одам некаде, Марко ми ја „украде“ позицијата

Морав да одам некаде, бидејќи Марко Ројс ми ја зафати позицијата во еден од последните напади на мечот, од кој, за среќа, го постигнав победничкиот гол. Немав каде, па се упатив кон голот на Холандија и, за среќа, Марко одлично ме проигра, па испаднав и јунак. Прашајте го Марко, ќе ви каже“, малку и на шега го објасни победничкиот гол за Германија играчот на Хофенхајм, Нико Шулц.

Со неговиот погодок во 90-тата минута, Германија ја победи Холандија со 3-2 во спектакуларен меч во Амстердам. Шулц игра во средниот ред на Хофенхајм, но против Холанѓаните доби малку поинаква задача од Јоаким Лев, да дејствува на левата странична позиција и одигра извонредно.

При неговиот центаршут во 15-тата минута, Германија поведе со 1-0 со голот на Лерој Сане, а што е уште поважно за „елфот“, се најде на вистинското место, за него невообичаено, како шпиц, во 90-тата минута и постигна победнички гол за 3-2.

https://www.youtube.com/watch?v=3y8oe5T8Bew

„Игравме одлично против една од најдобрите и најперспективни селекции во Европа. Имаме млад тим, а победата против Холандија ќе значи многу за нашата самодоверба“, додаде Шулц.

Германија им се реваншираше на Холанѓаните за поразот од 0-3 исто така во Амстердам, во октомври лани, во меч од Лигата на нациите и забележа многу значајна победа во атакот на пласман на ЕП 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести