Јунакот од Палермо е повреден, селекторот Милевски ќе повика нов играч наместо Трајковски

Александар Трајковски нема да игра на двата пријателски натпревари против Финска и Азербејџан во Скопје поради повреда на листот на ногата.

Јунакот од Палермо и стрелец на единствениот гол за Македонија со којшто ја елиминиравме Италија во полуфиналниот бараж-меч за Мундијалот во Катар објави дека е повреден и дека не може да настапи.

Селекторот Благоја Милевски дополнително ќе повика нов фудбалер на местото на Трајковски.

Против Финците ќе играме на 17 ноември во Скопје на Арената „Тодор Проески“ од 18 часот, а три дена подоцна ривал ќе ни биде Азербејџан, исто така во Скопје, но со почеток од 14 часот.

Овие два меча се последни подготвителни за Македонија пред стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година.

Квалификациите ќе почнат идната година, а со Македонија во групата се Англија, Италија, Украина и Малта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести