Борна Чориќ ќе игра полуфинале на АТП турнирот од мастерс серијата во Синсинати, како втор најслаборангиран тенисер што стасал до оваа фаза од 1973 година.
Хрватот игра сензационално, а досега нанижа победи против Мусети, Надал, Баутиста и ноќеска против Оже-Алиасим.
Чориќ за противник во полуфиналето ќе го има Британецот Камерон Нори и ако победи ќе се пробие во Топ-50 на светската ранг листа, што ќе биде скок од над 100 места.
Турнирот го почна како 152-рангиран на светот, веќе има загарантирана позиција со број 66, а ако го освои турнирот ќе има Квантен скок од 123 места на 29. позиција.
Најдобар ранкинг досега му е 12. место во 2018 година.
Во првото полуфинале во Синсинати денеска од 21 часот ќе играат Данил Медведев и Стефанос Циципас, а Чориќ и Нори би требало да го почнат второто полуфинале по полноќ.

