Рубен Аморим може да се претвори од голем јунак до вистински трагичар, ако биде обвинет за измама во Португалија. Тренерот што прави чуда со Спортинг Лисабон и го води клубот без пораз сезонава во Примеира на патот на првата титула по две децении пауза, немал право да биде главен тренер на Спортинг и ако биде обвинет може да остане без работа вo следните шест години.
https://twitter.com/PsoccerCOM/status/1369128203193835522?s=20
За среќа на Лавовите од Лисабон, тие не можат да бидат казнети со одземање на бодови. Аморим бил пријавен како помошен тренер при доаѓањето од Брага во Спортинг, иако тоа е малку чудно, бидејќи клубот од Лисабон плати огромна отштета од над 10 милиони евра.
Сепак Асоцијацијата на тренери во Португалија ги пријави Аморим и Спортинг за измама и ако има обвинение тренерот може да биде казнет со забрана од 1 до 6 години да биде тренер на било кој клуб.
Дел од спортската јавност во Португалија ова го толкува и како притисок на Порто и Бенфика, кои се големи ривали на Спортинг и ги освојуваа наизменично последните 18 титули во Португалија.
Моментно на 12 кола до крајот на португалското првенство Спортинг е лидер во Примеира со 58 бода и без пораз, 10 повеќе од Порто, 12 од Брага и 13 од Бенфика и речиси сигурно ќе биде првак по пауза од 19 години.