Бизарен случај, или „масло“ на Порто и Бенфика – Јунакот што го води Спортинг до титула пред суспензија од една до шест години поради измама

Рубен Аморим може да се претвори од голем јунак до вистински трагичар, ако биде обвинет за измама во Португалија. Тренерот што прави чуда со Спортинг Лисабон и го води клубот без пораз сезонава во Примеира на патот на првата титула по две децении пауза, немал право да биде главен тренер на Спортинг и ако биде обвинет може да остане без работа вo следните шест години.

За среќа на Лавовите од Лисабон, тие не можат да бидат казнети со одземање на бодови. Аморим бил пријавен како помошен тренер при доаѓањето од Брага во Спортинг, иако тоа е малку чудно, бидејќи клубот од Лисабон плати огромна отштета од над 10 милиони евра.

Сепак Асоцијацијата на тренери во Португалија ги пријави Аморим и Спортинг за измама и ако има обвинение тренерот може да биде казнет со забрана од 1 до 6 години да биде тренер на било кој клуб.

Дел од спортската јавност во Португалија ова го толкува и како притисок на Порто и Бенфика, кои се големи ривали на Спортинг и ги освојуваа наизменично последните 18 титули во Португалија.

Моментно на 12 кола до крајот на португалското првенство Спортинг е лидер во Примеира со 58 бода и без пораз, 10 повеќе од Порто, 12 од Брага и 13 од Бенфика и речиси сигурно ќе биде првак по пауза од 19 години.

 

- Оглас -

Најнови вести