23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Јуниор на Брага среде меч дозна дека мајка му загинала одејќи накај стадион

Мечот помеѓу јуниорските екипи на Брага и Бенфика не го дочека својот крај откако тренерот на Брага во 88-мата минута со солзи во очите побара од судијата да се прекине дуелот бидејќи во сообраќајна несреќа загинала мајката на еден од неговите играчи. Мајката на Давид Веига, Сандра Пинто, го загубила животот одејќи кон стадионот да го гледа синот.

Судијата без размислување отсвири крај на мечот, а веднаш потоа и 19-годишниот Веига ја дозна тажната вест која му го скрши срцето. Во автомобилот бил и таткото на талентираниот фудбалер, а тој уште е жив, но во критична состојба.

- Оглас -

Најнови вести