Јуниорите на Јуве и Малме играа на снежен терен, но погледнете на каков терен ќе играат првите тимови (Фото)

Јувентус се пофали дека натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Старата дама и Малме ќе се игра во одлични услови, барем што се однесува до теренот.

Иако во Торино паѓаше снег, теренот на стадионот „Алијанц“ е исчистен толку добро, што делува како воопшто да немало снег, иако до пред некој часа, теренот беше бел.

Попладнево, јуниорите на Јуве и Малме играа меч на терен покриен со тенок слој на снег. Домашните подобро се снајдоа и победија со 4-1.

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип е стартер за Малме, а изненадување кај Јуве е присуството на голманот Матија Перин кој дебитира во ЛШ.

https://twitter.com/i/status/1468620575157456904

- Оглас -

Најнови вести