Јуниорите на Шпанија со максимални три победи ќе ја завршат групната фаза на ЕП

6848 Шпанија У19 – Норвешка У19 (21.00 часот)

Шпанија славеше во првите две кола на Европското првенство и доколку вечерва остане непоразена во дуелот со Норвешка, ќе го обезбеди првото место во групата Б.

Фуријата во првото коло славеше со 2:1 над Исланд, а во второто коло ѝ даде пет гола на Грција. Норвежаните во првото коло славеа со 5:4 против врсниците од Грција, а ремизираа против Исланд играјќи 1:1. Шпанија е фаворит за триумф не само на вечерашниот натпревар, туку и за триумф на ЕП и се очекува со нова убедлива победа да го завери пласманот во полуфиналето.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

2613 Гетеборг – Варбергс (19.00 часот)

Ова е дуел на последнопласираните екипи во шведскиот шампионат. Гетеборг е претпоследен со осум освоени бода на 13 меча, додека Варбергс е последен само со пет ремија и осум порази. Гетеборг во последното коло ја прекина серијата од три порази во низа играјќи без голови против Халмштад, додека Варбергс има серија од три порази по ред. Меѓусебните натпревари најчесто завршуваат со 2-3 постигнати гола, а домаќинот ретко ги губи бодовите пред своите гледачи.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

4826 Колон – Белграно (21.30 часот)

Колон по 23 кола во аргентинскиот шампионат има остварено само четири победи и дури 12 ремија, додека Белграно има десет победи и девет порази. Колон дури три од четирите триумфи ги оствари на домашен терен, додека Белграно од деветте порази досега, седум ги доживеа на гостувањата.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.02)

 

2612 Норшепинг – Халмштад (19.00 часот)

Норшепинг на последните два меча одигра идентични 2:2, додека Халмштад се наоѓа во серија од пет натпревари без пораз. Норшепинг славеше на последните пет меѓусебни натпревари кои ги играше на домашен терен, а последниот пораз против денешниот ривал го доживеа пред девет години.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.24)

 

6847 Грција У19 – Исланд У19 (21.00 часот)

Јуниорите на Исланд имаат шанса со евентуална победа и пораз на Норвешка од врсниците од Шпанија да дојдат до второто место во групата Б на ЕП со 19 години и да обезбедат пласман во полуфиналето. Грција нема шанси за второто место, и на двата меча во групната фаза прими дури 10 гола, а даде четири. Исланд успеа да ѝ даде гол на фаворизираната Шпанија, додека Грција во првото коло за малку не успеа од 0:5 да дојде до 5:5 против Норвешка (мечот заврши 4:5). И двете репрезентации покажаа дека знаат да даваат голови и за очекување е и вечерва да одиграат ефикасен натпревар.

Предлог тип: ГГ3+ (2.02)

- Оглас -

Најнови вести