Репрезентацијата на Македонија за фудбалери со 19 години, со нерешен резултат 1-1 против Летонија ги почна претквалификациите за пласман на Европско првенство. Овој меч се играше во Диферданж, Луксембург.
Летонците поведоа во 60-та минута со голот на Томашс Мицкевичс. Македонија израмни во 76-та минута од пеналот кој го реализираше Матеј Гаштаров, а беше направен врз Веби Ислами.
Во второто коло, на 12-ти октомври копјата ќе ги вкрстиме со Словачка која денеска го победи Луксембург со 2-1. Во последното коло на 15-ти октомври, Македонија игра против домаќинот.
Во елитната фаза на квалификации за ЕП одат двете најдобри селекции од групата, но и третото место може да донесе место во следната фаза.