Женската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години претрпе тежок пораз од 22-88 во дуелот со врсничките од Словенија, а дебаклот можеше да биде и историски ако во втората и третата четвртина нашите не им дадеа отпор на Словенките. Ова беше втор пораз за избраничките на Јелена Антиќ на ФИБА Челинџерот во Софија. Следен противник е Бугарија, а потоа следуваат два полесни противници, Швајцарија и Албанија.
Првата четвртина против Словенките заврши со 34-0 за противникот. Македонија првиот поен го постигна во 12-тата минута. Следуваше добар 20-минутен период во кој Црвено-жолтите беа рамноправни, но во завршните десет минути следуваше нов пад и Словенија средбата ја затвори со серија од 30-0.
Марија Димитријевиќ со 7 поени беше најефикасна во македонскиот тим. Кај младите Словенки, шест кошаркарки имаа 7 или повеќе поени.