Јуниорките немоќни против Србија, ќе разигруваат за избегнување на последното место на ЕП

Поразот од Србија од 19-30 значи дефинитивно последно место во групата за македонската селекција за ракометарки до 19 години и разигрување за избегнување на „фенерот“ на Европското првенство.

Србинките доминираа во текот на целата средба и сега за нашите јуниорки следуваат две битки за 13-16 место против Исланд и Хрватска, кои се најслаби во другата група.

Најдобри стрелци во македонската селекција денеска беа Нена Нестороска со 5, Емилијана Ризоска со 4 и Сара Стефаноска со три гола.

- Оглас -

Најнови вести