Јуниорките примија 10 гола од Франција

На тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје почна квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од квалификациите за ЕП за девојки до 19 години, а во првото коло Македонија загуби од Франција со 0-10. Во првото полувреме Французинките дадоа два, а во второто осум голови. Селекторот Астрит Мерко направи пет измени во второто полувреме, но и тоа не даде резултат.

На турнирот во организација на Фудбалската федерација на Македонија учествуваат македонската репрезентација, Франција, Словачка и Романија. Словачка и Романија меѓу себе одиграа 1-1.

На 4 октомври играат Франција – Романија и Словачка – Македонија, додека во последното трето коло, на 7 октомври играат Македонија – Романија и Франција – Словачка. Првите две репрезентации обезбедуваат место во елитната фаза квалификации. ЕП за девојки до 19 години ќе се игра следната година во Грузија.

- Оглас -

Најнови вести