Кошаркарската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години, со победа над Швакцарија го заврши настапот на ФИБА Челинџерот во Софија, каде оствари биланс од две победи и три порази. Во првите три кола, избраничките на Јелена Антиќ имаа три порази од кои едниот катастрофален против Словенија, а потоа врзаа две победи по ред над Албанија и Швајцарија, за поправка на впечатокот.
Денеска против Швајцарките, Македонија тргна фуриозно, поведе со 30-9, имаше и плус од 24 поени (35-11), но тогаш се случи драстичен пад кој траеше долго. Швајцарија не само што ја стопи негативата, туку поведе дури и со седум поени предност во последната четвртина. Но, девојките во црвено-жолти дресови сепак покажаа карактер и во тесен финиш, победија со 68-67.
Димитријевиќ беше најефикасна со 20 поени, а двоцифрени беа и Чолакоска која даде 17, Блажевска со 14, и Зафирова со 13 поени.