Хрватскиот стратег Иван Јуриќ е именуван за нов тренер на Саутемптон.
По неуспешната епизода во Рома, Јуриќ брзо пронајде нова работа и денес беше официјално претставен како нов предводник на англискиот премиерлигаш.
„Со задоволство можеме да потврдиме дека Иван Јуриќ е назначен за нов тренер на првиот тим“, објавија од Саутемптон.
Јуриќ ќе се соочи со тежок предизвик да го спаси тимот од испаѓање, бидејќи Саутемптон моментно се наоѓа на последното место на табелата со само пет освоени бодови по 16 одиграни натпревари.
Welcome to Southampton, Ivan Jurić 😇
— Southampton FC (@SouthamptonFC) December 21, 2024