6.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Јута џез броеше до 150, дури три меча беа решени по продолжение (Видео)

Јута џез на свој терен го победи Чикаго со 150:147 во мечот кој имаше најмногу постигнати поени во НБА-лигата од сите дуели кои се играа доцна синоќа и рано наутро.

Дополнително задоволство за победата на Јута е тоа што домашниот тим успеа да се врати по негативата од 15 поени што ја имаше во третата четвртина (66:81). По регуларниот дел мечот заврши 127:127, а потоа едно продолжение беше малку да се дознае победникот, па вторпат се играа дополнителни пет минути. Беше 147:147 кога домаќините погодија тројка на 0,8 секунди до крајот и стигнаа до победата.

Лаури Марканен со 47 поени беше прв стрелец на мечот и предводник на Јута, а Џорџ, кој ја даде победничката тројка, застана на 33 поени. Кај Чикаго прв стрелец беше Вајт со 27 поени.

 

Резултати: Атланта – Феникс 124:122, Јута – Чикаго 150:147 по продолжение, Далас – Портланд 138:137 по продолжение, хјустон – Орландо 117:113 по продолжение, Њу Орлеанс – Голден стејт 106:124, Вашингтон – Бруклин 106:129, Сан Антонио – Сакраменто 123:110, Бостон – ЛА клиперс 121:118.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести