Јута и Феникс доминираат на домашен терен, Лејкерси ги чека нов пораз

Дури 12 мечеви ќе се играат ноќеска во НБА-лигата, што е одлична можност за сите љубители на кошарката да состават добитен тикет. Најдобриот тим во лигата, Феникс санс, на свој терен го пречекува Чикаго во еден од поинтересните дуели. Сонцата сезонава дома имаат 29 победи во 37 меча, а Чикаго е со четири порази од последните пет меча на гостински терен.

И Јута џез е еден од посигурните домаќини со биланс од 25 победи и само 11 порази. Џезерите вечерва се домаќини на ЛА клиперс, а нивниот мотив да покажат дека се квалитетен тим е уште поголем, ако се знае дека загубиле на пет од последните шест средби со овој ривал.

ЛА лејкерс гостува кај Торонто, во дуел на две екипи што се во различна форма. Торонто има пет победи по ред, а Лејкерс загуби на пет од последните шест меча.

Освен натпреварите, одлична е понудата за играње и на бројот на поени на кошаркарите. Над 35-мина кошаркари се на денешната понуда за плус-минус поени, па сигурно ќе најдете неколку сигурици што ќе ви донесат добивка.

- Оглас -

Најнови вести