-1.2 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Јута и Орландо го одиграа најлудиот меч во НБА, Лејкерс се посрамоти во градското дерби

Орландо меџик победи на гостувањето кај Јута џез со 128-127 по продолжение во можеби еден од најинтересните мечеви во НБА лигата оваа сезона.

Отландо водеше со 126-123 кога на четири секунди до крајот Кијонте Џорџ погоди тројка под фаул, го погоди и дополнителното слободно фрлање за лудница во салата и водство на Џезерите од 127-126. Но, тука не беше крајот. Орландо го имаше последниот напад, а Дезмонд Бејн ја положи топката во кошот на 0,6 секунди до крајот и сепак Магичните беа тие кои се радуваа на крај.

Во градското дерби во Лос Анџелес, Клиперс го совлада Лејкерс со 103-88. Леброн Џејмс даде 36 поени, но првиот стрелец во лигата, Лука Дончиќ, се повреди и не можеше да игра во второто полувреме, па остана на 12 поени.

Најдобриот тим на Истокот, Детроит, со 112-86 го совлада Шарлот во меч на кој Кејд Канингем направи трипл-дабл, а Пистонс ја одиграа својата најдобра одбрана сезонава.

Најатрактивното забивање на вечерта го имаше Шедон Шарп кој го прелета Расел Вестбрук на најнеефикасниот меч во кој Портланд го победи Сакраменто со 98-93.

- Оглас -

Најнови вести